Асад ги обвини западните лидери за дволичност

Сирискиот претседател Башар ал Асад изјави дека земјата се соочува со „тероризам без лимит“ на исламските екстремисти и ги обвини западните лидери дека се однесуваат дволично и се раководат согласно своите себични интереси, несфаќајќи за реалноста во Сирија.

„Земјата се соочува со такфири (сунитската исламистичка) идеологија. Оваа е тероризам без лимит, меѓународен бич кој би можел да удри каде било и кога било“, истакна Асад во разговорот со делегација од Австралија.

Асад ги критикуваше и западните лидери дека не ја сфаќаат реалноста или природата на судирите во Сирија.

Тој ги обвини и земјите од Персискиот Залив, посебно Саудиска Арабија која е противник на режимот во Дамаск поради пружање поддршка на џихадистите „во заверата да се уништи Сирија“, но и САД, Велика Британија и Франција, кои ги поддржуваат „умерените опозициски фракции“ си иста намера – соборување на режимот на Асад.

Делегација од академици, истражувачи и активисти од Австралија пристигна во Сирија да изрази солидарност со режимот на Асад и да истакне дека се против странската интервенција во земјата.