Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски асистираше за голот на „Лидс“ со кој неговиот тим ремизираше на натпреварот против „Брентфорд“ (1:1) во Чемпионшип-дивизијата.
„Лидс Јунајтед“ губеше на домашен терен до 88 минута кога Алиоски нафрли пред голот на „Брентфорд“, а Јансон со глава ја смести во мрежата на гостите. Домаќините по голот уште посилно нападнаа во судиското продолжение, па „Лидс“ имаше шанса за победа. Алиоски пак одлично центрираше, но неговиот соиграч овојпат не ја зафати топката како што треба и истата заврши неколку сантиметри крај стативата.
Алиоски игра во одлична форма сезонава, па ова беше негова трета асистенција, а има постигнато и три погодоци.