Актуелниот шампион на Англија, тимот на Манчестер Јунајтед, денеска ќе се обиде да стави крај на серијата порази во националниот шампионат.
Иако во следните 30 дена ќе ги нема на располагање услугите на најдобриот фудбалер, холандскиот интернационалец, Робин ван Перси, менаџерот на „црвените ѓаволи”, Дејвид Моес е убеден дека неговиот тим денеска ќе оствари позитивен резултат во пресметката против секогаш незгодната екипа на Астон Вила.
Уште поголема борба и неизвесност до последниот судиски свиреж се очекува на „Вајт Харт Леин”, каде Што домашниот тим на Тотенхем ќе се обиде да оствари позитивен резултат во дуелот со екипата на Ливерпул.
Поголем број на подгоди се очекуваат на натпреварот помеѓу екипите на Норвич и Свонси.