Астон Вила сѐ поблиску до втората лига, Лестер зад петиците на Челзи

Одигрувајќи само 1:1 на гостувањето кај Евертон во рамките на 36-то коло од англиското фудбалско првенство, Астон Вила направи уште еден чекор кон уште една своја преселба меѓу второлигашите.

Астон Вила поведе во 72 минута преку Консе поведе и ги имаше в џеб неопходните три бода до 88 минута, кога Волкот го постигна израмнувачкиот погодок/

Астон Вила е претпоследна со 31 бод, три помалки од 17-от Вотфорд но тој има и меч помалку, па на две кола до крајот има реални шанси да остане на позицијата која гарантира опстанок. Евертон е безбеден 11-ти со 46 бодови.

Во Лестер домашните го совладаа Шефилд Јунајтед со 2:0. Со погодоците на Перез во 29 и Греј во 89 минута „лисиците“ дојдоа до 18-та победа сезонава и со 62 бода се задржа на четвртата позиција која води во Лигата на шампионите. Ги загрозува Манчестер Јунајтед кој има три бода поналку а во петок гостува кај Кристал Палас кој се бори да го осигура опстанокот. Шефилд остана на осмата позиција со 54 бодови.