Астрономи откриле необично голема и светла црна дупка

Астрономи ја откриле најбрзо растечката црна дупка со маса еквивалентна на масата на три милијарди Сонца, која секоја секунда троши еквивалент на една Земја и свети 7.000 пати посилно од нашата галаксија, објави во средата Австралискиот национален универзитет (ANU).

„Астрономите ловеа вакви објекти повеќе од 50 години. Најдоа илјадници побледи, но овој вџашувач наррекувајќки светол објект се промолкнал незабележано“, изјави главниот истражувач Кристофер Онкен од ANU, опишувајќи го како „многу голема, неочекувана игла во стог сено“.

Објектот е означен како J114447.77-430859.3, или покусо со J1144.

„Сега сакаме да дознаеме зошто оваа црна дупка е поинаква од другите, дали се случило нешто катастрофално? Можеби две големи галаксии се урнале една во друга, насочувајќи многу материјал во црната дупка за да се нахранат“, додаде Онкен.

Коавторот на истражувањето Кристијан Волф ја нарече „исклучителна“ црната дупка „којашто поставува рекорди“.

„Доста сме уверени дека овој рекорд нема да биде соборен. Всушност ни снема небо каде вакви објекти би можеле да се сокријат“, рече Волф.

„Орбитите на планетите во нашиот Сончев систем, сите би влегле во хоризонтот на настанот, границите на црната дупка од која ништо не може да побегне“, вели уште еден автор на студијагата Самјуел Лаи.