Астрономите открија најоддалечени ѕвезди во Млечниот пат

Астрономите откриле на работ од Млечниот пат група ѕвезди кои се најоддалечените од Земјата, пооддалечени од која и да е досега позната ѕвезда од нашата галаксија и се на половина пат од соседната Андромеда.

Тие 208 ѕвезди се наоѓаат на најоддалечените точки од галатичкиот халото на Млечниот пат, велат научниците. Најоддалечните од нив се наоѓаат на 1,08 милиони светлосни години од Земјата. Светлосната година, инаку, означува оддалеченост која светлоста во вакуум изминува во една година (365,25) и изнесува 9,4605×1012 километри, или 9,46 билиони километри.

Овие ѕвезди се забележани со телескопот од планината Мауна Кеа на Хаваи и се вброени во категоријата ѕвезди RR Lyrae кои имаат релативно ниска маса и вообичаено ниско количество елементи потешки од хидроген и хелиум.

Ѕвездите од работ на галактичкото хало може да се сметаат за ткн ѕвездени сирачиња, бидејќи веројатно потекнуваат од помали галаксии коишто дополнително се судриле со поголема галаксија каков што е Млечниот пат.

„Нашето толкување за потеклото на овие оддалечени ѕвезди е дека тие најверојатно се родени во халото на џуџестите галаксии, а кои ги проголтал Млечниот пат“, вели Јутинг Фенг, докторанд на астрономија на Универзитетот Санта Круз во Калифорнија.

„Нивните родни галаксии гравитациски се распарчени, сварени, а тие ѕвезди се оставени на оддалечените рабови како остатоци од фузијата“, појаснува Фанг, шеф на истражувањето претставено оваа седмица во Американското астрономски друштво во Сиетл.

Млечниот пат со текот на времето растел како последица на тие катаклизми, појаснуваат научниците.

„Големите галаксии растат проголтувајќи ги помалите, тие се ‘канибали’, го јадат сопствениот вид“, вели коавторот на студијата Раџа Гухатакурта, директор на катедрата за астрономија и астрофизика на Универзитетот Санта Круз.

Халото на Млечниот пат (Кумовата слама) има внатрешен и надворешен дел и хало коешто е многу поголемо од галактичкиот диск пренаселен со ѕвезди.

Галаксијата, која во својот центар има супермасивна црна јама на околу 26.000 светлосни години од Земјата, содржи можеби од 100 до 400 милијарди ѕвезди. Една од ѕвездите е и Сонцето кое се наоѓа во галактичкиот диск на Млечниот пат.

Халото содржи само околу 5 отсто од ѕвездите од Сончевата патека. Оддалеченото хало на надворешниот раб е слабо позната област на галаксијата. Овие новооткриени ѕвезди се наоѓаат речиси на половина пат од Млечниот пат и соседната галаксија Андромеда.

„Можеме да видиме дека перифериите на соларното хало на Андромеда и она на Млечниот пат навистина се проширени, речиси се допираат“, вели Фенг.

Потрагата по живот надвор од Земјата се фокусирала на карпестите планети слични на нашата планета кои кружат во ткн „зона на населување“ околу ѕвездите. Досега се откриени повеќе од 5.000 планети надвор од Сончевиот систем, наречени егзопланети.

„Не можеме со сигурност да тврдиме, но секое надворешно хало веројатно има планети кои во нив кружат како Сонцето и на него сличните ѕвезди во Млечниот пат“, вели Гухатакурта.