Фудбалерите на Аталанта се пласираа во четвртокот вечерта во финалето на италијанскиот куп благодарејќи на победата од 2:1 (1:1) пред своите гледачи против Фиорентина во реваншот откако првиот меч заврши без победник 3:3.
Фиорентина поведе во 4 минута со голот на Муриел, но веќе по десет минути израмни Иличич од пенал, а победата на Аталанта ѝ ја обезбеди Гомез во 69 минута благодарејќи на големата грешка на гостинскиот големна Лафонт.
Аталанта во финалето кое ќе се игра на 15-ти мај во Рим ќе игра притов Лацио кој во средата со гостинската победа од 1:0 го елиминираше Милан.
А Аталанта ове ќе биде четвртиот настап во финалето на Купот, а единствениот трофеј го освоила во 1963 година, додека во 1987 и во 1996 година беше поразена од Наполи, односно од Фиорентина. Лацио досега освои шест Купови, последниот во 2013 година, а ова ќе му биде десетто финале.