Атанас Кировски заминува од Телма, дали го подготвуваат за директор на МРТВ!?

Атанас Кировски, актуелниот директор на телевизија Телма, си заминува од телевизијата, како што вели за Фактор, поради лични причини.

За идниот ангажман не открива многу детали, но вели дека има неколку како што рече примамливи понуди, за кои сѐ уште размислувал.

Одговорниот уредник на Телма вели дека искуството во телевизијата било одлично, но дека одлучил да замине за што веќе го известил и менаџментот. Инаку познато е дека Кировска уште пред повеќе години и пред доаѓањето на СДСМ на власт пројавуваше амбиции за челното место во јавниот радиодифузен сервис.

Во последно време се зборува дека токму тој е идниот директор на националниот сервис МРТВ, но тој вели дека станува збор за чаршиски муабети, пишува Фактор. Во текстот се потсетува дека во тек е конкурсот за избор на членови на Програмскиот совет на МРТВ, а тој совет ќе распише конкурс кој од пријавени кандидати треба да избере нов директор на МРТВ.