Атина е подготвена за тежок компромис

Атина е подготвена за „тежок компромис“ со меѓународните кредитори, кој можеби ќе подразбира нови отстапки. Ако стигнеме до изводлив договор, дури и тоа да биде тежок компромис, ние ќе го прифатиме предизвикот бидејќи наш единствен критериум е да излеземе од кризата, изјави денеска грчкиот премиер, Алексис Ципрас.

Атина денеска во Брисел испрати тим од своите најголеми сојузници да се обидат да постигнат договор и Грција да може да ги врати долговите.