Атина: Собирот за поддршка на ЕУ доживеа дебакл

Собирот за поддршка на ЕУ доживеа дебакл
Под слоганот „Живееме во Европа, вчера на  плоштадот Синтагма во грчката престолнина се собраа неколку илјади граѓани за поддршка на останувањето на Грција во Европската Унија.
Како што јавува дописникот на Нетпрес од Атина, вчерашниот собир сепак се чини дека доживеа дебакл, во споредба со про-владиниот собир што се оддржа на истото место, ден претходно.
Провладин протест на плоштадот „Синтагма“
Провладин протест на плоштадот „Синтагма“

Под слоганот “Државата нема да биде уценувана”, организаторите на чело со владеачката Сириза успеаа да соберат повеќе граѓани, за разлика од про-европскиот протест кој што не успеа да достигне доволна бројка на луѓе дури ни до поставените полициски ленти.

На првиот се бараше запирање на мерките за штедење, а во прв ред запирање на намалувањето на платите и пензиите, дури и по цена на враќање на драхмата. На вториот пак преовладуваше ставот дека Грција мора да остане во Еврозоната по секоја цена.
 
– Овде сум да протестирам против Владата, бидејќи не ми се допаѓа тоа што сакаат да го направат, да се вратиме на драхмата”, изјави за Нетпрес граѓанка присутна на протестот.
 
 Јас сум Европејка и секогаш ќе бидам, верувам во Европа и верувам дека има иднина за нас во Европа, изјави таа.
НЕТПРЕС: Што мислите за мерките за штедење и тоа што Ципрас одби понатамошно кратење на платите и пензиите ?
 
 Јас практично живеам со штедење веќе 7 години, значи и пред кризата. Јас не работам веќе 5 години и немам проблем. Отсекогаш бев сиромашна. За мене поважно е мирен ум и мирно срце, да чувствувам дека сум заштитена од Европа, вели таа.
Овде сум бидејќи сакам да бидам во Еврозоната и во мојата земја да има евра, вели еден помлад Грк. На прашањето што мисли за барањето за понатамошни кратења на платите и пензиите, тој вели дека мора да се направат одредени жртви.
 
 Мора да направиме жртви за да бидеме во Еврозоната и да имаме здрава држава, затоа што не и посакуваме лошо на нашата земја и нашата индина, вели тој.
– Протестираме против оваа Влада, бидејќи сакаат да не извадат од ЕУ и да го уништат она што долго време е градено со болка и крв”, вели друг граѓанин.
 
– Зборуваме за нео-комунистички партии што се на власт, а единствено што сакаат да направат е конфликт меѓу два различни типа на луѓе, па сакаат да предизвикаат цивилна војна, изјави тој.
Во однос на мерките за штедење, тој смета дека иако болни, тие се неопходни.

Двата протеста се организираа истовремено со дводневните преговори за грчкиот долг во Брисел, кои што завршија без договор.