Во последниот натпревар од шеснаесетфиналето на шпанскиот Куп на кралот, Атлетик Билбао на гостувањето го победи третолигашот Елденсе со 6:1.
Головите за баскискиот тим ги постигнаа Ноко Вилијамс во 35, Алекс Беренгуер во 41 и 65, Оиер Зарага во 59, Рубен Кориера во 74 и Икер Муниаин во 90 минута, а за домашните погоди Марио Соберон во 67 минута.
Во првиот денешен натпревар Осасуна на гостувањето кај третолигашот Гимнастик со 2:1 по продолженијата.
Осасуна поведе во 16 минута преку Кике Гарсија, а резултатот го израмни Пабло Фернандез во 78 минута. Истиот играч шест минути подоцна поради приговор беше исклучен, а Осасуна во 112 минута стаса до нова предност со автоголот на Ерик Монтес, а во 119 минута беше исклучен и гостинскиот играч Пабло Ибањез.
Пласман во осминафиналето избори и Реал Бетис кој кај четвртолигашот Ибица Ислас Питиусас славеше со 4:1. Домашните дојдоа во водство во 26 минута со голот на Хозе Бернал, но гостите во продолжението направија резултатски пресврт со четири погодоци. Стрели беа Вилијам Хозе во 54 и 81, Едгар Гонзалес во 58 и Набил Фекир во третата минута од судиското продолжение на мечот.
Шпанските великани Барселона, Реал Мадрид, Атлетикот Мадрид, Валеснија и Севилја претходно изборија пласман во осминафиналето.
РЕЗУЛТАТИ:
КУП НА КРАЛОТ – 1/16 финале:
Ибица – Реал Бетис 1:4
Гимнастик – Осасуна 1:2
Елденсе – Атлетик Билбао 1:6
Играно во среда:
Линарес – Севиља 0:5
Понтеведра – Мајорка 0:-2 (продолженија)
Логронес – Реал Сосиедад 0:1
Реал Овиедо – Атлетико Мадрид 0:2
Депортиво Алавес – Ваљадолид 1:0
Интерсити – Барселона 3:4 (прододолженија)
Играно во вторник:
Сеута – Елче 1:0)
Качерено – Реал Мадрид 0:1
Леванте – Хетафе 3:2
Спортинг Хихон – Рајо Ваљекано 2:0
Еспањол – Селта 3:1 (проддолженија)
Хартахена – Виљареал 1:5
Ла Нусија – Валенсија 0:3