Атлетик Билбао во полуфиналето на Купот на кралот

Фудбалерите на Атлетико Билбао се последните полифуналисти на шпанскиот Куп на кралот (Копа дел Реј) откако на пенали со 5:3 во Севилја го елиминираа Реал Бетис.

Баските имаа многу среќа, бидејќи домашните поведоа во 84 минута со голот на Хуанми, а буквално во последните секунди од дуелот, во четвртата минута од судиското продолжение Раул Гарсија со погодок донесе израмнување и продолжувања во кои немаше голови.

Атлетик беше многу подобар во пенал-рулетот, сите четири негови изведували погодина, додека двајца на Бетис не реализираа.

Претходно пласман во полуфиналето на националниот куп изборија и Севилја, Барселона и Леванте.

Жребот за полуфиналните двојки ќе се одржи во петок, а диелоте се предвидени за 10-ти февраури и 3-ти март.