![atletik bilbao](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/02/atletik-bilbao.jpg?resize=696%2C392&ssl=1)
Во првиот натпревар од полуфиналето на фудбалскиот шпански Куп на кралот, Атлетик Билбао на домашен терен со 1:0 ја совлада Гранада.
Голот со кој Баските ќе одат со минимална предност кај Гранада го постигна Икер Минијаин. Реваншот ќе се игра на 4-ти март.
Во четврток во Сан Себастијан, уште еден баскиски клуб Реал Сосиедад го пречекува второлигашот Мирандес, а реваншот е исто така на 4-ти март.
Финалето ќе се игра на 18-ти априм, на стадионот „Де Ла Картуга“ во Севилја.
Ова ќе биде првото полуфинале на „Копа дел реј“ во кое нема барем еден од двата најголеми шпански клубови – Барселона или Реал МАдрид во последните десет години. Последен пат тоа се случи во 2010 година, кога во полифиналето играа Севилја и, Хетафе, како и Атлетико Мадрид и Расинг Сантандер, а на крајот пехарот го освои Севилја која го совлада Атлетико со 2:0.