Атлетико (М) е преголем залак за Леванте

Фудбалерите на Атлетико (М) ќе бидат на само еден чекор, од толку посакуваната шампионска титула во шпанската Примера дивизион доколку денеска забележат триумф во првенствениот дуел против секогаш незгодниот тим на Леванте.

Предводникот на популарните “јорганџии”, Диего Симеоне пред гостувањето во Валенсија изјави дека неговите фудбалери се подготвени за новиот предизвик, дека се подготвени да го остават и срцето и душата на зелениот терен.

“Челзи е минато, Леванте е сегашноста за Атлетико (М). Не смееме да го уништиме се тоа што го изградивме во текот на оваа сезона. Ќе ни биде многу тешко и на ова гостување, но моите фудбалери играат под голем притисок веќе неколку месеци. Се што можам да ветам е дека ќе дадеме се од себе, дека моите фудбалери ќе го остават и срцето и душата на зелениот терен”, изјави аргентинскиот стручњак.

Без право на кикс се и фудбалерите на Реал (М) кои имаат обврска да забележат позитивен резултат во првенствената пресметка против екипата на Валенсија.

Резултати: Малага – Елче 0:1, Барселона – Гетафе 2:2, Осасуна – Селта 0:2, Валјадолид – Еспањол 1:0, Р.Валјекано – Атлетик Б. 0:3.

Денеска на програмата: Алмерија – Бетис, Леванте – Атлетико (М), Севилја – Вилјареал, Реал М. – Валенсија.