Атлетико (М) го предизвикува Реал (М)

Најголемиот, кој истовремено е и градски ривали, тимот на Атлетико (М), ќе му биде противник на попознатиот и потрофејниот градски ривал, тимот на Реал (М), во финалниот натпревар од годинашното издание на најпрестижното клупско натпреварување, Лигата на шампиони.

Реванш полуфиналниот дуел на “Стемфорд Бриџ”, помеѓу претставниците на Англија и Шпанија, Челзи и Атлетико (М) заврши со заслужен триумф на популарните “јорганџии” од 3:1.
Домашинот дојде до посакуваното водство во 36 минута со погодокот на поранешниот капотен на Атлетико (М), Фернандо Торес, а во самиот финиш од првото полувреме, израмнувачки погодок постигна крилниот напаѓач на “јорганџиите”, Адриан.

Во 60 минута, камерунскиот интернационалец Самуел Ето направи глуп пректшок во казнениот простор на Челзи, а Диего Коста успешно го изведе ударот од белата точка.
Последниот погодок на натпреварот, постигнат во 72 минута беше дело на турскиот интернационалец, Арда Туран.