Лидерот на првенствената табела, тимот на Атлетико (М) не дозволи никакво изненадување во премиерниот натпревар од 34. коло во шпанската Примера дивизион и сосема заслужно со 2:0 го победи новајлијата во елитното друштво, екипата на Елче.
Првиот погодок на натпревар, постигнат во 71 минута беше дело на бразилскиот интернационалец, Миранда, а во самиот финиш од натпреварот, новопечениот репрезентативец на Шпанија, Диего Коста успешно го изведе ударот од белата точка.
Денеска ќе бидат одиграни само три натпревари, а најголема борба се очекува на дуелот помеѓу екипите на Реал од Сосиедад и Еспањол.
„Нема веќе лесен натпревар, ќе ни биде пеколно тешко до крајот на актуелната сезона. Го гостуваме на три натпревари, а тоа е многу. Дуелот против Елче е позади нас, сега мора да се фокусираме на првиот дуел од Лигата на шампиони, сега мислиме само на првата пресметка против големиот Челзи. Нормално дека сме среќни поради тешко остварената победа, но нема место за еуфорија, има место само за напорна работа”, изјави предводникот на „јорганџиите”, Диего Симеоне.
Домаќинот тим има обврска да забележи позитивен резлутат бидејќи само со трите бода, Сосиедад ќе остане во игра за едно од двете места кои водат во групната фаза од Лигата на Европа.
Денеска на програмата: Осасуна – Валенсија, Леванте – Гетафе, Сосиедад – Еспањол.