Фудбалерите на Атлетико Мадрид се последните учесници во осминафиналето на Лигата на шампионите откако во средата вечерта во меч од шестото коло во Групата Д на својот стадион го победијка московски Локомотив со 2:0.
Атлетик во 2 минута не реазилираше пенал, но во 17 минута повторно од белата точка погоди Жоао Феликс. Во 54 минута Фелипе ја зголеми предноста на 2:0.
Во вториот натпревар од оваа група во Леверкузен, Јувентус, кој и претходно го имаше обезбедено минувањето, Јув со головите на Роналдо и Игуаин го совладаа домашниот Баер.
Јувентус е прв на табелата со 16 бодови, Атлетико е втор со 10 бодови, Баер Леверкузен освои 6 бодови и ќе го продолжи натпреварувањето во Лига Европа, додека Локомотив со три бода отпадна.
Во Групата Ц гостите забележаа убедливи победи. Во Загреб Манчесте Сити и покрај раното водство на Динамот кое во 10 минута го донесе новиот шпански репрезентативец Дени Олмо, со головите на Жезус во 34, 50 и 54 минтуиа и на Фоден во 84, ја покажаа вистинската разлика во квалитетот.
Аталанта со головите на Кастање во 66, Пашалиќ во 80 и Госенс во четвртата минута од судиското продолжение беа неочекувано убедливи на гости кај Шахтјор во директниот судар за пласман во продолжението од Лигата на шампионите.
На мини табелата убедлив е Манчестер Сити со 14 бодови, Аталанта со 7 бодови да го прескокне Шахтјор кој остана на 6 бодови и оди во Лига Европа, а Динамо собра солидни 5 бодови но остана без европска пролет.
Слична судбина како и хрватскиот претставник имаше и српскиот – Црвена ѕвезда во решавачкиот дуел на гости со Олимпијакос бепе поразена пред самиот крај, од пенал кој во 88 минута го реазлизираше Ел Араби.
Во дербито на Групата Б во Минхен Баерн со 3:1 го победи Тотенхем. Стрелци за домашните беа Коман во 14, Милер во 45 и Кутињо во 64 минута, а Сесењон израмни во 20 минута.
Во Групата Б неприкосновен беше Баерн кој ги собра максималните 18 бодови, а во осминафиналето се пласираше и Тотенхем со 10 бодови. Олимпијакос со 4 за бод ја прескокна Црвена ѕвезда која остана на 3 бода и не успеа да го продолжи натпреварувањето во Лига Европа.
Во Групата А ПСЖ со 5:0 го совлада Галатасарај. Стрелци беа Икарди во 32, Сарабија во 35, Нејмар во 47, Мбапе во 63 и Кавани во 83 минута од пенал.
Реал Мадрид на гости со 3:1 беше подобар од Клуб Бриж. За „Кралевите“ погоди Родриго во 53, но по само две минути израмни Ванакен. Во продолжението Виникиус стрелаше прецизно во 64 минтуа, а победата на Реал ја потврди Модриќ со гол во судуското продолжение.