Во петокот тенисерот број еден во светот Новак Ѓоковиќ стигна до своето осмополуфинале на турнирот од АТП Мастерс 1000 серијата во Монте Карло, но прво од 2015 година, а до него стигна победувајќи го Австралиецот Алекс де Минаур (АТП – 11.) 7-5, 6-4.
Ѓоковиќ пред девет години ја освои својата втора титула во Монте Карло, а за да стигне до своето петто финале во Кнежеството ќе треба да го победи подобриот од Норвежанецот Каспер Руд и Французинот Уго Хамберт. Ѓоковиќ сѐ уште го чека првото финале оваа сезона.
Во второто полуфинале за место во неделниот меч за титулата ќе се борат Италијанецот Јаник Синер и Гркот Стефанос Циципас (АТП – 12.). Двократниот победник на Монте Карло (2021 и 2022 година) лесно го совлада Русинот Карен Хачанов (АТП – 17) со 6-4, 6-2 во првиот денешен четвртфинален натпревар. Јаник Синер пропушти две меч топки во тај-брејкот од вториот сет (6-4) против Холгер Руне, но на крајот победи со 6-4, 6-7 (6), 6-3.
За 22-годишниот Италијанец ова е петти турнир годинава, а на претходните четири има три титули. Единствениот пораз на Синер во 2024 година беше против Карлос Алкараз во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс.