Белорускиот државен телевизиски канал ОНТ во петокот ја објави снимката од разговорот во кој се споменува инцидентот со наводното труење на рускиот опозициски блогер Алексеј Навални, кој наводно го пресретнало белоруското воено разузнавање, а за кој ден претходно информираше белорускиот претседател Александр Лукашенко на средбата во Минск со рускиот премир Михаил Мишустин.
Лукашенко тврдеше во четвртокот дека објавата на Германија дека Навални е наводно отруен со нервниот боев агенс од групата „новичок“ а која дојде по десет дена откако рускиот опозиционер од Омск беше пренесен во берлинската клиника „Шарите“, е „фалсификувана“.
Гласот кој во прилогот е означен како „претплатник од Берлин“ информира дека „сѐ оди според планот“.
„Материјалите за Навални се подготвени. Ќе бидат предадени на администрацијата на канцеларката. Ја очекуваме нејзината изјава“, се преведува на руски записот од англиски јазик.
Во продолжението на разговорот на следното прашање на „претплатникот од Варшва“ дали е потврдено труењето на Навални, „претплатникот од Берлин“ вели: „Слушајте Мајк, во овој случај тоа и не толку важно. Се води војна. А во време на војна сите методи се добри“.
Натаму се емитуваат зборовите на „претплатникот од Варшава“ кој вели: „Треба да го обесхрабриме Путин да не го турка носот во работите во Белорусија… Најефикасниот пат е да го удавиме во проблемите на Русија, а ги има многу! Покрај тоа, таму ќе имаат наскоро избори, ќе се гласа во руските региони“.
Како одговор, соговорникот од Берлин уверува дека „се занимава со тоа“ и прашува „какви се вашите работи во Белорусија“.
Натаму, според објавениот запис, соговорниците разговараат за состојбата во Белорусија. Истовремено „претпалтникот од Варшава“ признава дека работите не одат многу добро бидејќи „претседателот Лукашенко се покажа тврд орев“.
„Тие се професионалци и организирани. Јасно е дека ги поддржува Русија. Функционерите и војската му се лојални на претседателот. Сѐ уште работиме“, додава и истакнува дека другото не може да го разговара по телефон.
Лукашенко најави во четвртокот дека транскриптот и снимениот разговор од страна на белоруското електронско разузнавање кое е особено активно по антивладините протести во Минск и распоредувањето на силите на западните граници кон Полска, ќе ги достави до руското Федерално биро за безбеднот (ФСБ). Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, во петокот го потврди приемот на споменатите материјали и додаде дека нив „во моментов ги анализираат специјалните служби“.
Портпаролот на германската влада во петокот ги оцени изјавите на Лукашенко како невистинити. А откако стана јасно дека Белорусија јавно ќе го објави разговорот, германскиот весник Der Spiegel претходно во петокот објави дека германските експерти нашле траги од токсична материја не само во крвта, на кожата и урината на Алексеј Навални, туку и на шише со вода од кое наводно пиел опозиционерот.
Шишето со вода инаку првпат се споменува во извештаите за случајот со Навални, Неговата портпаролка Кира Јармиш, која го придружувала на летот од Томск до Москва на кој му се слошило, повеќпати изјави дека Навални само пиел црн чај во кафетеријата на аеродромот во Томск на рускиот Далечен исток. Досега никогаш не беше споменувано шишето со вода и од каде било набавено.
Во извештајот на Der Spiegel, кој се повикува на свои извори, „во моментов се проучува шишето на блогерот. Се претпоставува дека тој пиел вода по труењето, но не се објаснува како тоа стасало во Берлин, откако Навални од авионот кој итно беше приземјен во Омск беше транспортиран во специјализираната клиника за акутни труења во Омск каде остана хопитализиран речиси цели два дена и од каде по инсистирање на семејсвото на опозиционерот и официјален Берлин беше префрлен со германски авион до клиниката „Шарите“.
Според весникот, откако три независни германски лаборатории известија дека нашле токсични супстанции во примероци од Навални а трите руски лаборатории истакнаа дека такви не нашле, примероците биле истражувани во лабораторија за фармакоголија и токсикологија на германската армија Бундесверот близу Минхен.
Берлин сѐ уште не одговори на барањата од Москва за размена на биоматеријалите и анализите на примероците на Навални од двете страни, како и за доставување на примероците со кои Германија тврди дека опозицискиот блогер бил отруен со „новичок“.