Аудио запис како СДСМ ги уценува гласачите во Кисела Вода

„Сега е сменето нема што администрацијата, кај нас сега имаш  48.000 на кои им поминува договорот во ноември. Од Драчево ние направивме сега селекција имаме 1100, тие може утре да им дадеме отказ пошо се на договор, тие семејства сега молат, те преку овој, те преку оној,  сега веќе е друго, ти си власт, разбираш не е исто“. Ова го кажува Зоре Темелковски таткото на Филип Темелковски кој е кандидат за градоначалник на Кисела Вода од СДСМ.

Методот на СДСМ на овие избори е преку уцени и закани да се дојде  до изборна победа.

Оваа аудио снимка само го обелоденува начинот на кој Филип Темелковски ги освоил гласовите во првиот круг од локалните избори. Тортура, закани и уцени се методите со кои се служеле семејството Темелковски со цел синот Филип да дојде до изборна победа. Оваа аудио снимка е доказ како функционира СДСМ и на кој начин тие ги добиваат изборите.

По ваквата аудио снимка од која експлицитно се слуша на какви притисоци се изложени вработените во државната администрација се очекува реакција и од меѓународните набљудувачи на изборниот процес, ОБСЕ и ОДИХР.