Авганистан: Едно лице загина во експлозија на избирачко место

Едно лице загина, а две се повредени во експлозија која се случи на едно избирачко место во провинцијата Логар во југоисточен Авганистан, само неколку часа по почетокот на претседателските избори.

Исламистите изјавија дека изборите се странска замка и им апелираа на своите борци да ги напаѓаат избирачките места, избирачите и безбедносните сили кои ги обезбедуваат местата. Од страв од насилство, 211 избирачки места од 6423 останаа затворени, пренесува АФП.

Сепак, Авганистанците излегоа на гласање во голем број, па на некои места се појавија и редици. Излезноста на гласачите е поголема, отколку што се очекувало.

Во Авганистан утринава започнаа третите по ред претседателски избори по соборувањето на талибанските власти во 2001 година, и на нив ќе се избере наследникот на Хамид Карзаи.