![avioni avgan](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2021/09/avioni-avgan.jpg?resize=696%2C435&ssl=1)
Соединетите држави постигнале договор со Убзекистан според кој група пилот од поранешните авганистански воздухопловни сили кои заедно со своите семејство пристигнуваат во оваа земја да биддет префрлени во американска воена база, објави во саботата весникот The Wall Street Journal повикувајќи се на сопствени извори.
Станува збор за авганистански воени пилоти коишто по повторното враќање на власт на талибаните во Авганистан кои со своиет семејства избегале во Узбекистан со авионите и хеликоптерите на авганистанската армија, главно донирани од САД. Се додава дека новите талибанските власти вршеле притисок врз узбекистанските власти со цел да ги екстрадираат во Кабул.
Како што нагласува весникот, самите полоти и покрај амнестијата што им ја ветиле талибаните на сите припадници на војската и владини службеници, стравуваат за својата и безбедноста на своите семејства.
Вкупно во Узбекистан престојуваат 585 авганистански пилоти, членови на екипажи и нивни роднини. Се очекува дека овие луѓа „да летаат до американската воена база во Доха“, но сѐ уште не е јасно дали подоцна ќе бидат префрлени во САД или на некоја друга локација.
Според сознанијата на WSJ, во Узбекистан во моментов се наоѓаат 46 борбени авиони и хеликоптери кои претходно долетале од Авганистан, но засега не е познато што натаму се случува со нив. Талибаните бараат враќање на воените летала во Авганистан, но на тоа најверојатно ќе предизвика силна противење од страна на Вашингтон, се наведува во написот.
Се нагласува, исто така, дека високо позиционираниот талибански претставник Сухејл Шахин ја истакнал неопходноста од враќањето на пребеганите авганистански пилоти во земјата.
„Тие пилоти мора да се вратат во својата земја, потребни ѝ се на земјата“, го цитира весникот Шахин.