Шестнаесетгодишната Отом Вич заедно со своите баба и дедо со приватен авион заминала на викенд во Монтана. При летот доживеале авионска несреќа. Сите мислеле дека патниците се мртви, но два дена подоцна дознале дека девојката ја преживеала несреќата.
Таа излегла од шума во Вашингтон и запрела случаен минувач со возило. Кога тој ја прашал дали е се во ред, таа одговорила дека таа е девојката од авионската несреќа што се случила во текот на викендот.
Дополнително е утврдено дека се работи за 16-годишната Отом Вич, а среќната вест ја потврди нејзиниот татко со објава на Фејсбук.
Таа на полицијата и рекла дека „неколку дена само одела“. Има лесни изгореници и дехидрација, но лекарите тврдат дека нејзината состојба е стабилна.
– Не сакаме да зборуваме за статусот на дедото и бабата. Само ќе речам дека таа е единствна која се појави по несреќата, рече шерифот Френк Роџер, додавајќи дека се испратени неколку авиони да го истражат делот околу Омак и да го пронајдат исчезнатиот авион.
– Тоа е посебно непрооден дел, а во овој момент времето не соработува со нас, но се надеваме дека ќе биде поведро, рече Џефри Лустик, еден од пилотите, додавајќи дека дел од неговите колеги се во потрага уште од викендот, веднаш штом дознале дека авионот не слетал, но не успеале да го пронајдат авионот.