Руски авион се урна за време на воена вежба

Руски авион се урна за време на воена вежба

Стратешкиот руски бомбардер Ту-95 се урна за време на воена вежба, на 80 километри од градот Хабаровск, соопшти руското Министерство за одбрана.

– Летот е извршен без минуција. Авионот се урна во ненаселено место и не предизвикал никаква штета. Екипажот се катапултирал од авионот пред уривањето, наведува Министерството.

Според анонимен воен извор, како што јави ТАСС, причина за падот е техничка грешка.

За спасување на екипажот во реонот биле испратени транспортен авион Ан-12 и транспортен хеликоптер Ми-8.