ФОТО/ВИДЕО: Авион се запали на аеродром во Лас Вегас

Авион се запали на писта на аеродром во Лас Вегас, само неколку минути откако почнал со полетување.

Во време на инцидентот во леталото на компанијата „Бритиш Ервејс“  имало 159 патници и 13 членови на екипажот.

Авион се запали на аеродром во Лас Вегас
Авион се запали на аеродром во Лас Вегас
Авион се запали на аеродром во Лас Вегас
Авион се запали на аеродром во Лас Вегас

Според „Дејли меил“ авионот доцна синоќа полетувал од аеродоромот Мекаран на пат кон аеродормот Гетвик во Лондон, а пожарот избувнал како последица на дефект на левиот мотор, кој се запалил.

Преплашените патници од другите авиони успеале да го снимаат авионот од типот Боинг 777 кој бил обвиен во чад, а голем дел од патниците биле приморани да скокнат од авионот за да избегаат од огнените јазици.

Според британскиот весник, 14 лица биле пренесени во болница. Дел од нив поради вдишување чад, а дел поради повреди со кои се здобиле додека бегале од авионот.

Некои патници денеска биле обвинети дека го забавувале процесот на евакуација и ги изложиле другите на ризик, затоа што се обидувале да го земат својот багаж. Според утврдените процедури за евакуација земањето на багажот не е дозволено.

Инаку поради инцидентот една од пистите на аеродоромот во Лас Вегас била затворена, но другите летови продолжиле да полетуваат и да пристигнуваат на останатите писти, додека медицинските тимови им пружале помош на повредените лица.