Министерството за финансии на својата веб страна ги објави планираните задолжувања за првите два квартали, односно првите шест месеци од годината за наредната 2020-та година. Владата планира да издаде хартии од вредност во вредност од 16 милијарди и 500 милиони денари односно околу 270 милиони евра.
И додека задолжувањата континуирано растат, капиталните инвестиции се на очајно ниско ниво. Опозициската ВМРО ДПМНЕ како и експертската јавност континуирано предупредуваат за зголемените задолжувања и за растот на јавниот долг, но власта упорно ги спроведува дури и повеќе од проектираните.
Така, откако СДСМ е на власт, јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра со што достигна бројка од фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра или речиси 50 отсто од бруто домашниот производ.
Пед да дојде на власт СДСМ жестоко ги критикуваше задолжувањата и зголемувањето на јавниот долг предупредувајќи на црно сценарио за македонската економија.