Јавниот долг на Србија на крајот на ноември 2019 година изнесува 24,12 милијарди евра што е 52,4 отсто од бруто домашниот производ, соопшти денеска Министерството за финансии.
На крајот на октомври јавниот долг изнесуваше 23,97 отсто, односно 52 отсто од БДП.
Јавниот долг на крајот на 2018 година изнесуваше 23,01 милијарди евра, што претставуваше 53,7 проценти од БДП.
Најниско влијание на јавниот долг во БДП од 28,3 проценти имаше во 2008 година, а најголемо во 2000 година, кога изнесуваше 201,2 проценти од БДП.