Австралија: Морисон призна дека како премиер тајно преземал и пет министерства

Поранешниот австралиски премиер Скот Морусон ги потврди во средата обвинувањата дека тајно дал свечена обврска и ги преземал петте клучни министерства во текот на пандемијата на коронавирусот и тврдеше дека сметал дека одговорноста за државата е само негова.

Морисон, кој отстапи од местото претседател на Либералната партија по поразот на изборите во мај годинава, на прес-конференција одговараше на бројните критики од сегашната лабуристичка влада и од својата партија поради потегот без преседан.

Премиерот Ентони Албанесе претходно во вторникот рече дека неговиот претходник Скот Морисон го загрозил ткн вестминстерски состав на владата потајни именувајќи се за министер во пет портфели – за внатрешни работи, државната каса, здравството, финансиите и ресурсите во периодот од 2020 до 2021 година.

Тројца од министрите, како и уште неколкумина заменици министри, не биле ниту информирани ниту воопшто свесни дека власта над нивните ресурси сѐ до објавувањето на сознанијата оваа седмица, според нивните изјави за медиумите.

„Управував со брод среде бура. Само јас како премиер можев да ја разберам тежината на одговорноста која беше на моите плеќи и на ниеден друг“, изјави Морисон за новинарите потсетувајќи како пандемијата на Covid-19 ја погоди Австралија во 2020 година.

Морисон рече дека не ги „преземал“ министерствата и дека не се мешал во работата на ниту едно од министерствата освен во една прилика, кога одбил проект за развој на ресурсите. Рече и дека не ги известил министрите, бидејќи овластувањата ќе ги користел само во „крајна нужда“.

Министерот за финансии Џим Џалмерс изјави претходно во средата дека однесувањето на Морисон било „диктаторско“ и дека неговото останување во парламентот претставува тест за водството на челникот на либералната опозиција Питер Датон.

Морисон ја отфрли таквата можност и рече дека вонредните овластувања го вовел како демократски избран премиер и тоа во согласност со законот.

Тајното концентрирање на министерските позиции во својата личност од страна на Морисон започнало со министерствата за здравство и за финансии во 2020 година, за што рече дека тоа било поради загриженоста дека тие министри би можело да бидат разболени од Covid-19 додека имале вонредни овластувања коишто парламентот не можел да ги провери. Во мај 2021 година, Морисон станал и министер и за внатрешни работи и за ресурси.

Морисон рече дека тоа било делумно поради државниот буџет кој бил заклучен во мај таа година и тековните разговори со Велика Британија и САД околу договорот за воениот сојуз АУКУС кога отфрли договорот со Франција за купување подморници за Австралија во вредност од повеќе милијарди долари и склучи договор за купување американски нуклеарни подморници.

Улогата на министер за ресурси која исто така ја преземал во 2021 година, била поинаква од другите, бидејќи била единствена улога во којашто ја активирал министерската моќ за да го запре одобрувањето на проектот за истражување наоѓалишта на гас близу австралискиот брег, на што се противеа локалните заедници. Во моментов се води процес судско побивање на оваа одлука.

„Ова е суштината е уривање на нашиот демократски систем“, изјави премиерот Албанесе во средата откако ја проследи прес-конференцијата Морисон.