Австралија првпат во траењето на пандемијата на коронавриусот ги ублажи ограничувањата на своите надворешни граници и им дозволи на некои од вакцинираните слободно да патуваат, а семејствата повторно да се спојат, што предизвика емотивни сцени на аеродромот во Сиднеј.
По 18 месеци и едни од најстрогите гранични политики во врска со пандемијата на коронавирусот, милиони Австралијци сега можат слободно да патуваат без дозволи или потребата од карантин по доаѓањето во земјата. Ако патувањата во почетокот беа ограничени на австралиските државјани, постојаните жители и нивните потесни семејства, сега се реализира планот за повторно отворање на земјата за странските туристи и работници, кои се неопходни за заживување на замрените стопански активности.
Патниците на првите летови од Сингапур и Лос Анџелес пристигна во Сиднеј во понеделникот утрото, а многумина беа дочекани со солзи во очите од роднините и пријателите со коишто не се виделе со месеци. Патниците, исто така, беа пречекани од персоналите на воздухопловните компании кои носеа транспарентни и им дарува австралиско диво цвеќе и чоколадни кекси.
Во едно од најстрогите во светот реагирања на пандемијата на коронавирусот, Австралија пред 18 месеци ги затвори своите надворешни граници, забранувајќи на странските туристи и забранувајќи им на граѓаните излегувања или влегување освен доколку им се одобри изземање.
Со строгите правила на патувања на многу Австралијци им беше забрането да присуствуваат на значајбни настани, вклучително и од семејна природа како што се венчавки и погреби, и им беше оневозможено да се гледаат со семесјтвата и пријателите. Податоците на министерството за надворешни работи покажуваат дека околу 47.000 Австралијци во странство сакаат да се вратат во татковината.
Ублажувањето на прописите во сојузните држави Викторија и Њу Јужен Велс и Територијата на австралиската престолнина на Камбера, се воведува бидејќи поголем дел од Австралија преминува од стратегијата од управување со пандемијата без ковид на живот со вирусот низ масивно вакцинирање.
Иако поради епидемиите на делта сојот на коронавирусот двата најголеми австралиски градови Сиднеј и Мелбурн беа со месеци во изолација, бројката на заразени со Covid-19 во земјата и натаму е далеку помал во однос на многу земји со коишто Австралија може да се спореди според популацијата, со малку повеќе од 170.500 заразени и 1.735 смртни исходи.
Промената на правилата за патувања, меѓутоа, не се подеднакви во целата земја, со држави и територии кои имаат различни стапки на вакцинираност и различни здравствени политики. Западна Австралија, така, останува отсечена од остатокот на државата и светот, бидејќи се обидува да го заштити својот статус без вирус.
И додека Тајланд и Израел од понеделникот започнаа да примаат вакцинирани туристи, странските патници сѐ уште не се добредојдени во Австралија, со исклучок на оние кои се од блискиот Нов Зеланд. Невакцинираните странски патници и натаму ќе се соочуваат со ограничување преку карантин, а сите мора да имаат доказ за негативен тест на Covid-19 пред патот кон Австралија.
Претходно Австралија го дозволуваше враќањето од странство само на ограничен број граѓани и оние со постојан престој, со задолжителен 14-дневен карантин во хотел на сопствен трошок. Имаше и исклучоци за странските патници од економски причини, вклучлително и контроверзниот пропис за холивудските ѕвезди.