Австралиската тенисерка Ешли Барти го освои грен-слем турнирот Ролан Гарос , победувајќи ја во саботата во Париз Чехињата Маркета Вондроушова со 6-1, 6-3.
И за 23-годишната Барти и за 19-годишната Вондроушова ова беше првото филинале во Париз.
За осмата носителка Барти ова е првиот грен-слем во кариерата, а воедно стана и првата Австралијка која по 46 години го освои Ролан Гарос. Им се придружи на сонародничките Маргарет Корт која победи во 1969, 1970 и 1973-та и Ивон Гулангонг –Кеули во 1971 година, а освојувачка е и Лесли Тарнер.
Вондроушова имаше шанса да стане првата тинејџерка освојувачка на Гарос по триумфот на Иве Мајоли во 1997 година, но немаше моќ да се спротистави на доминантата игра на Барти.
Австралијката благодарејќи на овој триумф во понеделник ќе биде втората тенисерка на светот на ВТА листата, а Чехињата ќе напредува од досегашното 38-мо место.