Австралиската сојузна држава Викторија во четвртокот го објави највисок раст на нови зарази со Covid-19 во последните речиси 13 месеци, додека продолжува да се справува со ширењето на делта варијантата на коронавирусот.
Здравствените власти во средата вечерта по локално време пријавија нови 324 локално пренесен коронаинфекции, што е прво минување на прагот од 300 заразени од 14-ти август 2020 година, кога државата забележа 301 случај на заразата во текот на најлошото разгорување на епидемијата.
Бројот на новозаразените претставува значителен скок во споредба со 221 случај од ден претходно, и покрај тоа што епидемиолошката мерка карантин е на сила подолго од еден месец, и е шестата таква по ред во оваа австралиска држава.
Целата држава Викторија, со исклучок на Гритер Шепартон кој се наоѓа на 180 километри северно од Мелбурн, би треабло да излезе од „локдаунот“ во петокот, а кафулињата, рестораните и баровите да бидат отворени за ограничен број посетители.
Викторија во моментов се справува со второто најлошо избувнување на епидемијата во Австралија од почекот на пандемијата, додека соседната сојузна држава Нов Јужен Велс ја надмина бројката 1.000 дневни коронаинфекции првпат од крајот на август, и покрај строгиот карантин кој е на сила со седмици.
Австралија, којашто има вкупна популација од 25 милиони, догло се обидуваше потполно да го искорени вирусот со затворање на своите граници и наметнувањето на строгите епидемиолопки мерки. Меѓутоа, бројот на случаите на Covid-19 расте и во деловите од земјата поради позаразната делта варијанта на вирусот. Досега целосно против Covid-19 вакцинирани се помалку од 40 отсто од австралиското население.