Австралиски министер поднесе оставка поради кршење на карантинот

Министер од владата на австралиската сојузна држава Нов Јужен Велс поднесе оставка во петокот откако бепе откреино дека живее во неговата викендичка на море, и покрај забраната да не се патува освен доколку тоа е неопходно.

Министерот за култура на Нов Јужен Велс, Дон Харвин, во петокот поднесе оставка откако новинарите го фотографирале како купува облека и живее во неговата викендичка наместо да остане во својот стан во градот, со што го прекршил законот за карантинот.

Претходно австралискиот премиер Скот Морисон апелираше до сите свои сонародници да останат во своите домови и да не патуваат во своите викендички во текот на празничниот викенд, за да се запреш ширењето на коронавирусот.

Во петокот утрото полицијата го казнила Харвин со 1.000 долари за кршење на јавниот здравствен ред, но под политичкиот притисок поднесе оставка подоцна во текот на денот.

„Ништо не е поважно од работата на владата во борбата против коронавирусот. Нема да дозволам моите постапки да станат дистракција од оваа работа и изразувам голем жалење што моето станбено решение стана проблем во текот на овој период“, изјави Харвин во преносот на австралиската телевизиска мрежа ABC News.

Полицијата, исто така, на возачите има напалтувала казни од илјада австралиски долари поради кршењето на карантинот на првиот ден од велигденскиот викенд. На Австралијците во текот на Велигден им е забрането да ги напуштаат домвоите, освен доколку за тоа немаа важни причини, како што е набавка на храна или физичка активност. Полицијата може да му пише казна секому кој ќе се најде надвор од домот без добра причина.