Австралискиот премиер Албанезе позитивен на коронавирус

Австралискиот премиер Ентони Албанезе денеска соопшти дека е позитивен на коронавирусот и дека ќе работи од дома додека е во изолација.

„Ги охрабрувам сите кои не се добро да се тестираат и да преземат дополнителни мерки на претпазливост за да ги заштитат своите семејства и соседите“, се наведува во изјавата на Албанезе, пренесена од британските медиуми.

Австралија во октомври го укина задолжителниот домашен карантин за лицата заразени со коронавирусот.

Австралискиот премиер по вторпат е заразен со коронавирус.