![zelena energija](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2022/10/zelena-energija.jpg?resize=696%2C437&ssl=1)
Австрија бара поддршка од други држави членки на Европската унија, противејќи се инвестициите во гасот и во нуклеарната енергија да се означат како „зелени“, изјави во понеделникот австриската министерка за заштита на природната средина, Леоноре Геслер.
Виена во петокот го исполни ветувањето дека ќе поднесе тужба против тоа што ЕУ ги вклучи споменатите енергетски избори на списокот „зелени“ инвестиции.
Луксембург веќе ѝ изрази поддршка на Австрија, а би можело да го следат и други, изјави министерката Гевеслер за новинарите без да ги именува тие земји.
„Го сметам тоа неодговорно и неразумно. Разговараме со други влади во ЕУ коишто би можело да ни се придружат како страни кои нѐ поддржуваат во таа постапка“, изјави Гевеслер за одлуката на ЕУ.
Станува збор за таканаречената „ЕУ таксономија“, правила коишто дефинираат кои вложувања може да бидат означени како „зелени“ за да се насочат инвеститорите во таквите проекти и би придонело за остварувањето на климатските цели на Брисел.
Гевеслер рече дека е погрешно да се означи гасот, фосилното гориво, како „зелена“ енергетска инвестиција и дека тоа му штети на кредибилитетот на таксономија.
„Да се врзува зелена врвка околу гасот кои ја загадува околината за производство на струја е измамнички“, рече австриската министерка.
Гевеслер, исто така, рече дека судбината на нуклеарката Запорожје којашто е под контрола на руските сили во Украина, истакнувајќи ги ризиците од нуклеарната енергија.
Европската комисија во февруари предложи закон кој би ја додал и нуклеарните централи во ЕУ правилата овозможувајќи им на инвеститорите да ги означуваат вложувањата во нив како „зелени“. Предлогот беше блокиран повеќе од една година поради силното лобирање на владите и индустријата. Сѐ додека Европскиот парламент конечно не го усвои во јули, и ги разоткри длабоките поделби меѓу државите членки во поглед на борбата против климатските промени.
Активистите за заштита на природната средина, вклучително и движењето Гринпис, покренаа засебни тужби поради овие правила, тврдејќи дека ги кршат климатските закони на Европската унија.