Во Австрија, поради намалувањето на бројот на новозаразени, од полноќ се спроведува ново олеснување на епидемиолошките мерки со кои се предвидува укинување на обврската за носење маска речиси секаде.
Така, привремено до крајот на летото, односно крајот на август, маските повеќе не мора да се носат во продавниците, но и во јавниот превоз низ Австрија, освен во Виена. Обврската за носење маски остана во Австрија останува само во болници, ординации и старечки домови.
Во Виена, пак, обврската за носење маска остана во јавниот превоз, на станиците, но и во аптеките. Според декретот на властите на покраината Виена, маската мора да се носи и во возови. Интересно е што, на пример, тоа значи дека штом патниците ќе влезат во Виена, треба да стават маска, која може да ја симнат кога ќе излезат од Виена.