Австрија воведува директна железничка врска за негувателки од Романија

Австрија воведе ноќна директна врска со Романија преку Унгарија за во текот на пандемијата на коронавирусот која речиси целосно ги затвори границите за патувања на луѓето, да донесе негувателки и друг помошен медицински персонал.

Австрискиот систем за грижа за старите и другите лица на кои им е потребна специјална постојана нега е многу зависен од работниците од источна Европа, и веќе ги отвори своите граници за прекуграничните работнции од соседните земји, Словачка, Чешка и Словенија

Но главниот извор за негователи е Романија, и наместо да ги превезува со авиони, Австрија од 2-ри мај ќе воспостави врска со ноќни железнички линии, со кој во една линија може да се превезат повеќе луѓе со почитување на социјалната достанца.

„Мило мие што и покрај затворањето на границите успеавме да организираме заеднички коридор за работниците од Романија“, изјави австриската министерка Каролин Едштадлер, додавајќи дека околу 33.000 луѓе во Австрија зависат од 24-часовна нега.

Директната врска со Темишвар, поголемиот романски град во близина на границата со Унгарија и Србија, ќе започне со една компазиција седмично, но би можело да се зголеми на три во седум дена, се додава во изјавата.