
Судот на Европската унија целосно во четвртокот ја прифати тужбата на Европската комисија против Австрија поради намалувањето на детскиот додаток и семејните даночни олеснувања за децата на работниците од другите земја членки на ЕУ коишто не живеат во Австрија, туку во својата матична држава.
Австрија од 1-ви јануари 2019 година за работниците чиишто дека постојани престојуваат во друга земја членка применува прилагодување на паушалната сума за семејни давачки, како и на износите на различните даночни повластувања, зависно од општото ниво на цените во односната земја членка.
Европската комисија поднесе тужба против Австрија, бидејќи смета дека станува збор за дискриминација на работниците мигранти во однос на австриските државјани, што е спротивно на правото во ЕУ. Тужбата на ЕК ја подржаа повеќе земји членки, како Чешка, Словачка, Полска, Романија, Словенија и Хрватска, како и Надзорното тело на ЕФТА, додека Данска и Норвешка интервенираа во поддршка на Австрија.
Судот во својата пресуда утврдил дека предметните семејни додатоци и даночното одбивање за издржувано дете ги сочинуваат семејните давачки, кои потпаѓаат под Уредбата за координација на системот на социјална сигурност и која не подлежи на никакво намалување или измена, поради фактот дека корисникот или челновите на неговото семејство престојуваат во држава членка друга од онаа којашто ги доделува.
„Прилагодувањето на износот на семејните додатоци и различните даночни повластувања коишто ги доделува Австрија во полза на работникот, зависно од нивото на цените во државата во која престојуваат неговите деца, е спротивно на правото на Унијата. Тој механизам прави неоправдана индиректна дискриминација врз основа на државјанството на работниците мигранти“, наведува Судот на ЕУ.
Спорниот механизам на прилагодување, имајќи предвид дека се применува само во случај на престој на детето надвор од австриското државно подрачје, главно ги погодува работниците мигранти затоа што постои поголема можноста нивните деца да престојуваат во друга држава членка.
Имајќи предвид дека големо мнозинството од работниците мигранти врз кои влијае овој механизам потекнуваат од државите членки во кои нивото на животните трошоци е пониско отколку во Австрија, тие примаат семејни додатоци, како и социјални и даночни повластувања во помал износ од оние коишто им се доделуваат на австриските работници.
Судот утврдил дека механизмот на прилагодување врши индиректна дискриминација врз основа на државјанството, што, во секој случај, не е оправдано.
„Во тој поглед Судот истакнува дека работниците мигранти учествуваат на ист начин како и националните работници во одредувањето и финансирањето на износот на придонесите на коишто почива предментите семејни додатоци и даночните повластувања, а да притоа не биде земено предвид местото на престојот на нивните деца“, истакнува Судот на ЕУ додавајќи дека спорниот австриски закон е спротивен и на Уредбата за слобода на движењето во 27-от блок.