Австрија распоредува војници на граничните премини

Австрија распоредува војници на граничните премини кои треба да помогнат во спроведувањето на засилените гранични контроли поради мигрантската криза, јавува Ројтерс, пренесува Раша тудеј.

Најмалку 2.200 војници ќе и помагаат на полицијата во справување со мигрантската криза на границата, се вели во соопштението од Австриската влада.

Австрискиот канцелар Вернер Фејман појасни дека војниците ќе бидат распоредени таму каде ќе биде потребна нивната помош.

Австрија распоредува војници на граничните премини
Австрија распоредува војници на граничните премини

Ако Германија спроведува гранични контроли тогаш и австрија мора да ги засили контролите на граничните премини. Тоа го правиме во моментов, вели заменик канцеларот Рајнхолд Митерлехнер на заедничката пресконференција со канцеларот Фејман.

Инаку илјадници мигранти продолжуваат да влегуваат во Австрија од Унгарија. Според полициските известувања во саботата пристигнале 8.400 мигранти.

Напливот на мигранти останува доста висок. Мислам дека нема да биде погрешно ако кажам дека ќе стасаме до бројка од 10.000 мигранти дневно ако работите продолжат вака, изјави портпаролот на полицијата.

Полицискиот портпарол Гералд Пангл во изјава за Асошиејтед Прес вели дека 14.000 лица пристигнале во градот Никелсдорф во неделата, а рано утринава пристигнале уште 2.500 мигранти.

Австрија распоредува војници на граничните премини (Фото: Ројтерс)
Австрија распоредува војници на граничните премини (Фото: Ројтерс)

Покрај ова и Словачка привремено ги засили контролите на граничните премини со Унгарија и Австрија и испрати дополнителни 200 полицајци.

Оваа одлука на Словачка следеше откако Германија воведе гранични контроли со цел да го намали бранот на баратели на азил.

 

Инаку Германија донесе одлука за укинување на Шенген и за зајакнување на граничните контроли. Повеќе за ова на следниот линк.