Инцијаторите на петицијата за излегување на Австрија од Европката унија успеаја во намерата своето барање да му го достават на Парламентот, откако над 260.000 Австријци потпишаа петиција за излез од ЕУ.
Министерството за внатрешни работи на Австрија соопшти дека петицијата, чиј рок за потпишувње истече вчера, ја потпишале 4,12 отсто Австријци со право на глас. Со оваа поддршка петицијата се наоѓа на 23. место од вкупно досега одржани 38 изјаснувања на граѓаните.
Парламентот, според законот ќе мора да се занимава со барањето на иницијаторот на петицијата, откако повеќе од сто илјади граѓани со својот потпис го поддржаа барањето за излез на Австрија од Унијата.
Главно барање на иницијаторите на петицијата е дека Парламентот треба да донесе одлука за излегување на Австрија од ЕУ, откако ќе биде одржан референдум