Австриски ЛАСК го промовира Максимов, па го испрати на позајмица во Норвешка

Младинскиот македонски репрезентативец и поранешен фудбалер на Шкендија, Методи Максимов денеска беше промовиран во редовите на ЛАСК Линц од Австрија, по што веднаш замина на позајмица во норвешки Алесунд.

Максимов потпиша договор со ЛАСК до јуни 2028 година, но најпрво ќе игра на позајмица во Алесунд до крајот на актуелната сезона, по што ќе се врати во Австрија.

Македонскиот фудбалер во досегашниот дел од сезоната играше за Шкендија, а претходно го носеше дресот на Работнички, како и младинскиот тим на Брегалница.

Во Норвешка Максимов има навивачи од родниот крај кои ќе му бидам голема поддршка.