Најмалку 45 лица загинаа, а 25 се повредени денеска кога автобус кој превезувал верници од индиски храм излетал од патот во ридските делови на јужна Индија, изјавија официјални лица.
Возачот ја загубил контролата над возилото додека се обидувал да избегне друг автобус, изјави локалниот претставник, објави АП.
Минувачите им помогале на повредените, кои се префрлени во локални болници.
Во тек е истрага за причината за несреќата.