Во текот на утрешниот ден, кога во земјава се одбележува државниот празник 11 Октомври – Ден на народното востание, автобусите од јавниот превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред.
Ќе има две дежурни билетарници, кои ќе работат од 8 до 14 часот: таа на Транспортен Центар (на излез) и билетарницата во Ѓорче Петров.
Жичницата ќе работи вообичаено од 10 до 18 часот, притоа 17-17.30 часот ќе биде последно возење од долу нагоре, односно 17.45 часот последно возење од горе надолу.