Автомобил експлодира во саботата ноќта наспротив зградата на судот во центарот на Лондондери, а северноирската полиција се сомнева дека станува збор за можна автомобил бомба во чијашто детонација нема жртви и повредени, но населението е предупредено да ја избегнува областа.
Фотографијата која ја објави полицијата на социјалните мрежи покажува возило во пламен во улицата „Бишоп“ во центарот на градот. Причините за експлозијата засега не се познати, а полицијата ја проучува верзијата според која автомобилот можеби бил миниран.
Двајца политичари потврдија дека експлозијата се случила во близина на градскиот суд. Притоа министерот за надворешни работи на Република Ирска, Сајмон Коувени, на својот профил на Twitter веќе го осуди инцидентот како „терористички акт“.
„Овој бесмислен терористички чин мора најсилно да биде осуден. Благодарни сме им на нашите итни служби за нивната брза реакција која помогна да нема жртви или повредени“, напиша исто така на Twitter , челничката на северонирската пробританска Демократска унионистичка партија (DUP) Арлен Фостер.
Мировниот договор од 1998 година главно го сопре меѓуирскиот судри кој кулминираше со претходните тридецениски терористички напади и атентати во кои беа убиени речиси 3.600 луѓе, а беа изведувани меѓи простестанските унионисти кои сакаат Северна Ирска да остане дел од Обединетото Кралство и католичките националисти кои сакаат присоединување со Република Ирска, која сега е дел од Европската унија.
Повремените насилства избувнуваат меѓу мали отцепени групи, но експлозиите на автомобили бомби се ретки во оваа покраина со којашто управуваат британските власти.