Украина продолжува со работата за проширување на соработката со Европската унија, со која планира да потпише пет договори, соопшти на седница на украинската Влада премиерот Микола Азаров, пренесе „ИТАР- ТАСС“.
„Кабинетот на министри дава зелено светло за потпишување на пет договори. Подготвуваме рамковен договор, насочен кон имплементација на институционалните реформи во рамките на програмата Источно партнерство“, рекол премиерот.
Според него, се подготвува и програма „Локален развој“, програма за поддршка на Украина во управувањето со миграционите процеси и давањето на азил, во рамките на која ќе бидат реализирани три проекти .