Невработеноста во БиХ како во Лесото и Кенија

70

Најмногу невработени од земјите на Балканот има во Босна и Херцеговина и Косово, а најмалку во Црна Гора и Албанија.

Поради длабоката економска и финансиска криза, како и политичката нестабилност на поголемиот дел од земјите на Балканот од распаѓањето на Југославија бележат многу бавен економски напредок и константно висока стапка на невработеност, пренесува агенцијата „Анадолија“.

Во септември оваа година, во БиХ невработеноста изнесувала 44,8 отсто, односно невработени биле 554.929 лица, што е зголемување во однос на истиот период лани, кога стапката на невработеност била 44,2 отсто.

Според податоците на Еуростат, најнисоката стапка на невработеност во октомври е забележана во Австрија со 4,8 отсто, Германија со 5,2 отсто и Луксембург со 5,9 отсто. Највисока стапка на невработеност има во Грција со 27,3 отсто и Шпанија со 26,7 отсто.

Од земјите во светот, Русија има 5,5 отсто невработени, САД седум отсто, Кина четири, Индија 3,8 отсто. Гледано на глобално ниво, земјите со највисока стапка на невработеност е во Зимбабве каде што не работат 70 отсто од жителите како и во Туркменистан. Меѓу земјите кои што имаат невработеност околу 40-от процент се Сенегал со 48, Непал со 46, Лесото со 42,7 и Кенија со 42 отсто.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.