Ерменските сили во изминатите 24 часа 115 пати го прекршија договорот за прекин на огнот во спорниот регион Нагорно-Карабах, соопшти денеска азербејџанското Министерство за одбрана.
Во соопштението, како што јави ТАСС, се наведува дека Азербејџан се придржува до договорот за прекин на огнот во Нагорно-Карабах, но дека ситуацијата на линијата и фронтот и натаму е тензична.
Министерството за одбрана ги отфрли како неосновани тврдењата на Ерменија дека силите на Азербејџан ја прекршиле спогодбата за прекин на огнот.
Судирите меѓу ерменските и азербејџанските сили во Нагорно-Карабах повторно избувнаа на 2 април, но министерствата за одбрана на двете земји вчера најавија прекин на огнот во спорниот регион.