Азиските вложувачи внимателни, еврото повторно под 1 долар а нафтата поскапе

На азиските берзи во петокот се тргува претпазливо во очекување на важниот податок за вработувањата во САД, кој може чувствително да влијаа на насоките на пазарот, додека американската валута зајакна па курсот не еврото повторно се спушти под еден долар.

Индексот MSCI на азиско-пацифичките акции без јапонските, во тргувањето во петокот во 7 часот по македонско време остана речиси непроменет во однос на вчерашниот трговски ден. Притоа, на Токиската берза индексот Nikkei зајакна за 0,1 отсто, додека цените на акциите во Австралија, Јужна Кореја и Шангај пораснаа меѓу 0,1 и 0,3 отсто. Во Хонгконг, пак, паднаа за околу 0,6 отсто.

Поддршка на азиско-пацифичките берзи им да деде вчерашниот рас на њујоршки Волстрит. На најголемата светски пазар на хартии од вредност по четирите денови пад индексот Dow Jones зајакна за 0,46 отсто а S&P 500 индексот за 0,30 отсто.

И покрај растот на индексите во Њујорк, вложувачите се во дефанзива. Инвеститорите не се расположени за поризнични вложувања, бидејќи американската централна банка Federal Reserve (Fed) од март ја заострува монетарната политика за да ја сузбие инфлацијата, којашто се движи на највисоките нивоа по повеќе од 40 години. Поради тоа и во септември се очекува агресивно зголемување на каматните стапки.

 

Доларот најсилен во 20 години, цените на нафтата пораснаа

На валутните пазари вредноста на доларот кон кошницата валути во петокот во раното претпладневно тргување дополнително порасна, па достигна ново највисоко ниво во последните две децении.

Така, индексот на доларот, која ја искажува вредноста на американската во однос на другите шест најважни светски валути, се движи околу 109,56 поени, додека во четвртокот во истиот период од денот изнесуваше 109,02 бода а во еден момент од денешното тргување достигна и 109,99 поени.

Утрово курсот на доларот во однос на јапонската валута порасна од вчерашните 139,69 на 139,90 јени, а во еден момент првпат по 24 години се проби над нивото од 140 јени.

Американската валута зајакна и во однос на европската, па цената на еврото повторни се лизна под границата од 1 долар, поточно на 0,9956 долари, додека вчера во овој период од тргувањето изнесуваше 1,0024 долари.

Еврото е под притисок бидејќи поради енергетската криза расте ризикот од рецесија во еврозоната, додека рекордно високата инфлација во блокот ја притиска Европската централна банка (ECB) на агресивно заострување на монетарната политика.

Цените на нафтата, пак, пораснаа по вчерашниот пад од околу 3 отсто. Цената на барелот на лондонскиот пазар зајакна за 1,3 отсто, на 93,55 долари, додека на американскиот пазар барелот поскапе за 1,28 отсто, на 87,75 долари.