Аднан Азизи, секретарот на Движењето Беса ги исмеа партиите на власта по неуспехот да се добие датум за отворање на преговорите со Европската Унија. Тој кажа дека Владата е делегитимирана и оти треба да се одржат веднаш парламентарни избори во Македонија.“ – објави информативната агенција на албански јазик ИНА.
ИНА ја пренесува објавата на Азизи:
Датум… Интеграции… Европска Унија…процес… не оглувеа со празните пароли, додека во реалноста вистина е дека се прават, за да ја задржат власта и да пљачкаат до последниот момент. Датум нема – Владата е делегитимирана, затоа да се одржат предвремени парламентарни избори веднаш, уште утре, зашто овие можат само да не однесат во бездната, напиша Азизи.