Една седмица пред американските претседателски избори на 3-ти ноември, демократскиот кандидат Џо Бајден има водство пред републиканскиот претседател Доналд Трамп на национално ниво со 10 процентни поени, според анкетата на институтот Ipsos за агенцијата Reuters.
Интернетското истражување кое било спроведено во периодот од 23-ти до 27-ми октомври, покажало дека 52 отсто од веројатните гласачи рекле дека ќе го поддржат Бајденм додека 42 отсто се изјасниле за Трамп. Бајден во истата анкета од 20-ти до 22-ри октомври имаше предност од 8 отсто.
Пет проценти рекле дека разгледуваат да гласаат за кандидат на трета партија, а само 2 отсто рекле дека сѐ уште не знаат за кого ќе гласаат. Речиси една третина од полнолетните Американци изјавиле дека веќе гласале.
Од Reuters/Ipsos анкетирале „веројатни гласачи“ во шест сојузни држави: Висконсин, Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Флорида и Аризона, за кои се смета дека ќе имаат пресудна улога и ќе одлучат за следниот американски претседател.
Откако во минатите вакви анкети резултатите меѓу двата кандидата беа тесни и во рамките на маргината на статистичката грешка на ова изјаснување од 5 отсто, сега Бајден има поголема предност.
Најголема е во Висконсин, каде 53 отсто од анектираните се изјасниле за Бајден наспроти 44 отсто за Трамп. Во Мичиген Бајден ја зголемил предноста во однос на последната анкета од 51 на 52 отсто, а Трамп добил поддршка од 43 отсто испитаници. Најнезивесно е во Северна Каролона каде 49 отсто се определите за Бајден а 48 проценти за Трамп. Според Reuters, Бајдени води и во Пенсилванија, Флорида и Аризона.