Бајден ја зголемува предноста пред Трамп во клучните држави, според анкетата на Reuters

Претседателскиот кандидат на Демократската партија, Џо Бајден, ја зголемил предноста пред републиканскиот претседател на САД, Доналд Трамп во Висконсин и Пенсилванија, сојузните држави кои би можеле да бидат пресудни за победа на изборите на 3-ти ноември, покажуваат резултатите објавени во понеделникот во анкетата којашто за агенцијата Reuters ја спровел институтот Ipsos.

Според ова истражување, поранешниот потпретседател води пред актуелниот претседател со 7 отсто во сојузните држави Висконсин и Пенсилванија. Една седмица претходно, Бајден имаше водство во Висконсин од 6 а во Пенсилванија од 5 процентни поени.

Анкетата на Reuter/Ipsos е спроведена во шест американски сојузни дражви: Висонсин, Пенсилванија, Мичиген, Северна Каролина, Флорида и Аризона. Овие држави и нивните електроски гласови се вообичаено клучни на американските претседателски избори.

Во секоја од овие сојузни држави се опфатени 1.000 до 1.100 потенцијални гласачи. Маргината на статистичката грешка во оваа анкета се проценува меѓу 4 и 5 отсто, што сепак навестува и дека поддршката за двајцата кандидати може процентуално да биде и многу тесна, како што беше и пред две седмици, кога беа речиси изрманети.

Во Пенсилванија за Бајден би гласале 51 отсто од испитаниците, а за Трамп 44 проценти. Слично е и во Висконсин каде гласачите сметаат дека во решавањето на пандемијата Бајден би бил поуспешен од Трамп со 51 наспроти 42 отсто, додека во економијата Тамп има предност со 50 наспроти 45 проценти.

На Флорида, според истата анкета, за Бајден би гласале 49 отсто од избирачите а 45 отсто за Трамп. Во Аризона 48 отсто испитаници се изјасниле во полза на Бајден а 46 отсто дале поддшка за Трамп. Во Мичиген, Бајден има предност од 51 наспроти 43 проценти, додека во Северна Каролина кандидатите е израмнети со по 47 отсто поддршка.